Планирана е забрана за увоз на возила под ЕУРО стандард 5

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од ЕУРО стандард 4, односно половни автомобили постари од 10 години. Тие возила не можат да се регистрираат и да се возат по патиштата низ Македонија.

 

 

Годинава се планира да се забрани увозот на возила под ЕУРО стандард 5.

 

 

Крешник Бектеши, министер за Економија најави промени во правилата за увоз на поволни автомобили и зголемување на стандардот.

 

 

Во предвид се две мерки со кои се очекува да се помогне во намалувањето на аерозагадувањето. Едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возилата кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со еуростандард 5 или 6. Втора мерка е субвенционирање на купување на хибридни возила. За двете мерки е потребно да се обезбедат средства.

 

 

„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. Во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, соопшти министерот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи