Полна каса – ЈП за државни патишта ќе располага со буџет поголем за 4 милијарди денари (65 милиони евра) од лани

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

На последната седница одржана на 26 јануари, Владата ја одобри Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која во делот на инвестициите оваа година има буџет повисок за 4.000.000.000 денари во однос на минатата година.

 

 

Врз основа на Законот за јавните патишта, Јавно Претпријатие за државни патишта носи годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта, со која се спроведуваат целите и задачите од петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта.

 

 

ЈПДП сè уште ја нема објавено програмата за годинава, па останува да почекаме  за да видеме за што ќе бидат искористени овие нови средства.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи