ВИДЕО – Стерјовска Локвенец: Партискиот амин се уште одлучува дали некој ќе се вработи во прилепската болница, а состојбата во здравството е поразителна

Пред само неколку дена Владата донесе одлука со која официјално почна реорганизацијата на јавните здравствени институции во Прилеп, па така во една установа ќе се спојат Болницата, Здравствениот дом и Итната медицинска помош. И додека целиот свет и сите светски влади се посветени на борбата со пандемијата, преку обезбедување вакцини, нашата неспособна влада која нема обезбедено ниту една вакцина досега, ја замајува јавноста преку соопштенија и како тоа граѓаните ќе добивале поквалитетни услуги на едно место, преку преземање на овој чекор. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Oна за што сведочат граѓаните е дека состојбата во здравството е поразителна. Дисфункционалноста на здравствениот систем ја чувствуваат на сопствена кожа, оставени на милост и немилост. И додека власта допрва ќе се занимава со некакви анализи, прекројувања на буџет, намалување на членови на управни одбори и спојување на возни паркови на здравствените установи во Прилеп, квалитетните лекари и медицинскиот персонал, заминуваат од Македонија во потрага по поквалитетни услови за работа.

 

Пред само три дена, во јавноста одекна голем скандал поврзан околу снимен разговор. Па од она што можевме да слушнеме прашуваме: Дали за склучување на договор за вработување во Болницата е потребна консултација на партиските послушници со директорот Богојески и партијата? Дали партискиот амин е клучен за тоа дали некој ќе се вработи или не? Дали сте свесни дека го бркате високо квалитетниот кадар, кој наместо тука да работи и придонесува во здравствениот систем, треба да слугува и да ги оправдува погубните политики на СДСМ?

 

Иако власта ветуваше дека ќе се почитувал и вреднувал квалитетниот и професионален кадар, сепак накрај живот во Македонија донесоа само за партиските пулени. Болницата тоне во огромен долг од околу 30 милиони денари, а Здравствениот дом во долг од околу 15 милиони денари. Прашуваме дали е вистина дека на местото на актуелниот директор Драган Богојески, како директор на болницата со проширена надлежност доаѓа поранешната пратеничка Кети Смилеска? Дали причината за ваквото кадровско решение, можеби е лошото менаџирање со болницата, или пак причината лежи во друг уште поголем скандал?

 

Јавноста заслужува одговор на овие прашања. Потребно е одговорно, транспарентно и домаќинско работење каде ќе се ценат стручноста и компетентноста на поединецот. После смена на власта, ќе ја вратиме довербата во институциите. Тоа е наша обврска и должност во интерес на нашите сограѓани“, рече Стерјоска Локвенец.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи