СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за здравјето на граѓаните, нивната цел е заштита на криминалците во сопствените редови

Советничката од редовите на прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Локвенец Стерјоска, по примерот на нејзинот лидер Мицкоски, во време на колективна борба со коронавирусот, шири црна кампања против македонското здравство, се вели во денешната реакција на ОО СДСМ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на Ирена Локвенец Стерјоска од ОК наљ ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, а која зборуваше за состојбата со здравствениот сектор во Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Мицкоски и Стерјоска, не се грижат ниту за граѓаните, ниту за јавното здравје, ниту за здравствените работници. Единствената нивна грижа е заштита на криминалците во сопствените редови и блокирање на постапките, кои против нив се водат во судовите и обвинителствата.

 

Во таа насока, денешниот обид на Стерјоска да манипулира со состојбите во прилепската болница, е само очаен чекор за дефокусирање на вниминието на јавноста од новата кривичната пријава која ОВР Прилеп ја поднесе против екс градоначалникот, Марјан Ристески.

 

Јавноста со нетрпение го очекува и исходот од судските постапки кои се поврзани со директорувањето на Стерјоска со Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

 

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за здравството.За време на нивното 11 годишно владеење, прилепската болница го допре дното. Оставија огромни долгови и недостиг на лекари, медицински персонал и опрема во сите одделенија.

 

Синоним за партизирање на Општата болница во Прилеп е токму поранешниот прв човек на ДПМНЕ од градот и актуелен пратеник, Петар Ристески, кој самиот им порача на вработените дека таму биле вработени заради партијата, а не дека биле стручни, зашто во јавноста постојат и аудио снимки.

 

СДСМ во континуитет ги подобрува состојбите во здравството.Само во последните две години, за 4 пати ја зголемивме во здравството. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Овозможивме над 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

 

За разлика од Мицкоски и ДПМНЕ, СДСМ го штити здравјето на граѓаните и ги цени и вреднува оние кои се на првата борбена линија со Ковид-19“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи