Сојузот на средношколци побара поддршка од пратениците

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Сојузот на средношколци во име на генерацијата матуранти 2020/2021 се обрати до пратениците. По електронска пошта преку писмо со бара поддршка од Собранието за да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање.

 

Матурантите веќе една недела бојкотираат настава и ова според нив претставува последниот демократски чекор, односно пратениците да изготват и донесат законско решение кое ќе ги вклучи нивните барања кои ќе важат само за оваа учебна година.

 

„Министерката Царовска е категорична дека државната матура треба да содржи четири предмети. Поради тоа, од вас како директни преставници на граѓаните и, пред сè, контролори на извршната власт бараме јавна поддршка за нашите барања и повикувања кон МОН нив да ги исполни; користење на вашето влијание како државни службеници за МОН конечно да се вразуми; и доколку Министерството не покаже добра волја и продолжи со својот безобѕирен однос – изготвување и донесување на законско решение кое ќе ги вклучи нашите барања. Ако дури и Вашата поддршка се покаже како залудна, единственото преостаното решение е Собранието да го измени Законот за средно образование, којшто МОН мора да го почитува“, пишува во писмото кое Сојузот на средношколците и нивниот претседател Бленди Ходаи го доставиле до 85 пратеници односно до оние кои на официјалната страница на Собранието имаат наведено контакти по електронска пошта.

 

Се бојкотира во 20 градови, а процентот на матуранти кои бојкотираат изнесува над 75%.  Од Сојузот се уште не знаат како ќе продолжат понатаму, дали ќе го прекинат бојкотот и ќе се вратат на настава, или пак ќе се радикализираат и ќе излезат на протести.

 

Наспроти мислењата на Сојузот, од МОН се децидни – државната матура треба да содржи четири предмети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи