ВИДЕО – Стоматолозите бараат да бидат дел од 5-тиот сет на мерки за помош, над 60% од ординациите биле пред банкрот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина бара државата да ги стави во 5-тиот сет на мерки за помош поради ковид кризата. Тие во моментов имаат 2 главни барања : директна финансиска помош заради исплата на минимални бруто плати на вработените како и ослободување од фискални и парафискални трошоци сѐ додека трае кризната состојба. Велат дека поради Ковид 19 огромен дел од оридинациите биле буквално пред банкрот.

 

 

„Бројот на посети во нашите ординации беше редуциран од една страна, од друга страна беше зголемен финансискиот недостаток во однос на купување на надстандардна опрема, што сериозно доведе до истенчување на и така тенкиот финансиски буџет во приватните здравствени установи. Она што е битно, иако Владата на РСМ одвои голем буџет за исполнување на економските мерки, сепак приватните здравствени установи не се најдоа никаде во тие пакети и останаа на страна од сите финансиски средства. Имајќи во предвид дека голем број наши членки веќе тоа го потенцираа и го изразија на нашите онлајн средби и на протестот, факт е дека 60 до 70% од ординациите кубурат и се на работ на финансиски банкрот и егзистенција, бидејќи не можат да обезбедат ни минимални плати за стоматолошкиот тим и за плаќање на режиските трошкови“, истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на ЗПЗСУ-ПДДМ.

 

Здружението на 24 декември лани одржа и онлајн протест на кој испрати повеќе барања, a досега не влегле ни ниту еден сет на мерки за помош од државата.

 

„Поради рестриктивните мерки и посебните услови и протоколи за работа кои беа наложени на приватните здравствени стоматолошки установи уште од мај минатата година, беше преполовена фреквенцијата на посети и интервенции на пациенти. А се јави и потреба од додатни непредвидени финансиски трошоци по однос на обезбедување на дополнителна надстандардна и редовна заштитна опрема, која поради ковид кризата повеќекратно се зголеми во однос на цените. Стоматолошките ординации како микроправни субјекти претрпеа огромни финансиски загуби и се доведени на работ на егзистенција. Речиси две третини од стоматолошките тимови не се во можност да ги покријат основните режиски трошоци и да исплатат минимални плати за стоматологот и асистентот. Во тек на изготвувањето на четвртиот пакет на мерки имаше еден пропуст или беа заборавени стоматолозите, односно не беше земен еден факт каде што кај оваа група на правни субјетки се занемари фактот што Фондот за здравствено осигурување кон крајот на 2019 година го зголеми капитациониот бод кај стоматолозите кои имаат склучено договори со Фондот за 8 денари или од прилика 20%, при што стоматолошките ординации не можеа да го исполнат процентуалниот услов за владината помош која беше понудена“, кажа Андреа Рендевски, стоматолог од Битола.

 

Стоматолозите се револтирани и поради тоа што како здравствени работници се исто така на првата борвена линија заедно со останатиот дел од медицински персонал во Македонија, но тоа воопштоп не им се валоризира.

 

„Се зголемија абсолутно неочекувано трошоците поради појавата на вирусот и треба да се издвојат големи финансиски средства за заштита надстандардна, а и онаа редовна заштита која што беше цените се енормно покачени и поради тоа трпиме голема штета. Тоа е едниот основ, а другиот основ е факторот време. Не можеме да примаме пациенти поради посебните процедури на работа во таков вид, обем и фреквенција како што беше поради тие ковид заштитни мерки. Сето тоа доведува до трошок кој е непланиран и едноставно трпиме загуби како и сите останати гранки во медицината. Треба да се спомни дека и ние сме сектор кој ако не е најризичен, но е во првите 3 најризични лекарски професии во оваа ситуација при ковид кризата“, вели Круме Чесноски, стоматолог од Прилеп.

 

Доколку и овој пат не влезат во државниот сет на мерки за помош ќе имаат повторно состанок како здружение на коj што ќе се донесат заклучоци како ќе настапуваат понатаму, а не ја исклучуваат можноста и за протести.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи