ВИДЕО – 20-тина семејства од Прилеп живеат во секојдневен страв дека ридот ќе им се урне врз нив, општината глува со години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

20-тина семејства од Прилеп на улицата „Прохор Пчински“ скоро 2 децении живаат во секојдневен страв да не се урне целиот рид врз нив и да не се случи вистинска трагедија. Велат дека повеќе од 15 години бараат од Општина Прилеп да изгради тука потпорен ѕид, но властите останувале глуви. Поради тоа што земјата паѓа брегот бил помал и помал секој ден, понекогаш земјата паѓа и врз нивите возила. За среќа досега немало повредени граѓани.

 

 

„Гледајте колку е ислизган. Брегот порано беше тука, а сега гледајте каде е и живи не се прават. И за ништо не се прават живи. Го косеа порано сето ова, а еве веќе 3 години ниту го косат. Апелираме да се направи брегот што е можно побрзо, се бориме за човечки животи, ако падне куќана над нас, ќе не потисне сите“, велии Менче Пеоска, жител на населбата.

 

Жителите на населбата се крајно револтирани на сите партии кои ги лажеле со години. Порано кај горните куќи ова место тука било улица каде можело да помине и автомобил, сега поради тоа што е урната земјата патот се стеснил и едвај поминуваат и луѓе. Никој не ги одржува ниту скалите кои се обврска на општината.

 

„Ние сме граѓани на Општина Прилеп, државјани на Македонија, плаќаме даноци се што треба и мислам дека локалната самоуправа ова треба да си го среди. Бидејќи кој како дојди само излажине и замини си. Живееме во страв бидејќи не знаеме што може да се случи. Долу се раскопа омекна земјиштето и сега можно е да дојди до големо клизиште“, рече Гоце Митрески, жител на населбата.

 

„Пристапноста на местото е нефункционална. Да се случи да треба да дојде Пожарна или Итна Помош нема каде да помине“, додаде Илија Чурлиноски, жител на населбата.

 

Под овие куќи се наоѓаат и скривници градени во периодот помеѓу двете светски војни. И тие се оставени сами на себе бидејќи државата ги отпишала. И внатре во нив се гледа дека земјата паѓа и може да се случи катастрофа.

 

Од Општина Прилеп само кусо одговорија дека се запознати со проблемот и дека се барало решение, но без да прецизираат некој конкретен датум или рок. А додека властите се мислат што да направат граѓаните ќе продолжат да живеат во константен секојдневен страв.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи