ВИДЕО – Нов откритија: „Ѕидот“ во Прилеп не бил дел од Ан туку од голем покриен Безистен со улички и голем број дуќани

Стариот ѕид во центарот на Прилеп не бил Ан како што се мислеше досега туку голем покриен Безистен со улички и со голем број на дуќани и продавници. Овој интересен податок кој малкумина го знааат е откриен пред околу 1 месец од страна на вработените во прилепскиот архив откако бил преведен еден купопродажен договор од 1894 година напишан на старо турски јазик. Во документот пишува дека дел од Безиистенот купува државниот админиистратор Али-Ага син на Ибрахим. Досега имаше податоци само тоа дека ѕидот е од тускиот период без конкретна година и точна намена.

 

 

„Куршумли Aн кој што знаат прилепчани како ѕидот во Прилеп, бил безистен изграден во времето на Мухамед Мехмет Фатих, тоа е 1432-1481 година. Овој објект од културно наследство, купопродажниот договор убаво го опишува безистенот дека бил објект со повеќе улички, мали улички со дуќанчиња и дека занаетчискиот занает многу во тој период бил развиен“, изјави Елена Чагороска, раководител на Архив Прилеп.

 

Ова е само еден дел од документите кој годинава се најде во Монографијата на прилепскиот архив кој одбележа 65 години од своето постоење. Архивот поседува 609 фондови, 7 збирки и над 60 илјади научно истражувачки документи. Најстариот документ е од 1788 година, а тоа е купопродажен договор. Но за жал велат дека секоја власт кога си заминувала од Македонија со себе земала ии богат фонд на архивски материјал. Тука се мисли на српската и бугарската власт пред се.  Она што сега се има како документи е од лични архиви на прилепчани и и од тајно зачувани архиви во манастирит и црквите.

 

„Како на пример манастирот Зрзе, Архангел Михаил, Трескавец итн. Значи тука се пишувани многу ракописи и повеќе документација била чувана, но за жал била или уништувана, или земана, разнесувана во соседните земји“, додаде Чагороска.

 

Годинава архивиот планира да има голема изложба на своите документи и фотографии, а и да се започне со целокупна дигитализација на материјалите кои ги чуваат архивите, на Охрид, Битола, Кичево, Крушево, Прилеп и другитѕе помали околни места, затоа што Прилеп стана прв регионален центар за дигитализација во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи