Македонската спелеолошка федерација стана полноправен член на ECRA

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонската спелеолошка федерација стана полноправен член на „Европската асоцијација за спасување од пештери“. Кај нас не постои посебна национална организација за спасување во пештери. Со тоа Федерацијата којa е основана во 2002 година и нејзините клубови членки остануваат единствената организација во Македонија со технички обучен персонал што учествува и врши спасувачки операции во пештери. Со ова се отвораат голем број можности за напредок во ова сфера.

 

 

„Ќе имаме многу можности за унапредување во Македонија во одделот за спасување. Ќе можеме заедно со нив да аплицираме, да соработуваме, имаме право да учествуваме на сите обуки, на сите семинари, конгреси, тренинг центри каде што ќе има обуки за спасување каде разменуваме искуства за да може во секоја држава да се формира едно тело кое ќе биде високо професионално обучено за да може да интервенира во било какви услови“, истакна Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

 

Во Македонија иако има голем дел обучени спелеолози за вакви спасувања и тоа не само за во пештери тие скоро и да не добиваат државна помош. Спасувачките акции ги прават на свој трошок и со свој опрема и возила. Се надеваат дека ова членство во ECRA ќе биде дополнителен мотив и за државата да започне да соработува повеќе со нив.

 

„Имаме доволно обучен кадар, но и секогаш се добредојдени тие што сакаат да се занимаваат со спасување да бидат дел од нашиот тим. Моментално недостасуваат материјално технички средства, опрема, возила и се надеваме дека со државните органи и министерството ќе успееме да придонесеме за што е можно побрз рок да помогнат за да ги имаме тие материјално-технички средства кои ни се најпотребни“, додаде Неданоски.

 

Инаку целите на нашата Спелеолошка федерација освен вакви акции се и развивање и управување со спелеологијата во Македонија, организирање и поддржување во истражувањето и документирањето на нови пештери, а охрабруваат и активности што придонесуваат за заштита, одржливо користење и развој на карст и пештери.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи