Претпладнево во 11:34 часот е регистриран земјотрес во западна Македонија. Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е лоциран на 8 километри од Кичево, на длабочина од 2 километри. Земјотресот бил со јачина од 3 степени по Рихтеровата скала.
Минатата недела во Македонија беа почувствувани повеќе земјотреси, и тоа токму во западниот дел.
