ВИДЕО – ИО на тутунарите : Покатастрофален откуп немало во последните 20 години, бараме итно да се обратиме во Собранието на РМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тутунот продолжува да се цени од 1 до 2 класи подолу од реалната вредност, 4 класа воопшто не се откупува, наместо по класи се откупа по шифри, за да се предаде тутуот се чека со денови, и луѓето за да предаделе тутун, мора да барат пријатели, да одат по партиска линија или да даваат мито. Со овие обвинувања денеска излегоа од Иницијативниот одбор на тутунарите.

 

 

„„Се откупува по шифри, се враќаат луѓето, 4 класа се враќа не се откупува, проценката не е реална, вистинските класи сега што се предаваат во род од прва не се даваат, се рекласираат за нивна намена во прва, а одат во двојка и во тројка. Проценката е катастрофална, се врши грабеж по сите основи. Со денови чекаат, се враќаат од вагите, не можат да дојдат до вагите, се прават списоци вештачки, не по редослед. По пријателска база, по партиска база, некои даваат пари и под рака само да дојдат до ред да го предадат тутунот. Покатастрофален, полошо организиран откуп никогаш немало во државава во последните 20 години“, вели Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунарите.

 

Тутунарите бараат итна средба со откупувачите и министерството, а бараат и да се обратат пред пратениците во Собранието.

 

„Барањето за 100 денари субвенција по сите класи ќе го бараме до крај. Овој ковид пакет што се спомна, 5-от ковид пакет и за тие некои средства што се одделени за тутунарите ние не знаеме ниту колкави се, ни како ќе се распределат. Да бидат по килограм произведен и предаден тутун, на никаков начин друг“, додаде Мирчески.

 

Обвинуваат дека во државава се врши и нелегален увоз на тутун кој дополнително ја влошува состојбата. Најкатастрофално е во Општиина Долнении каде од 9 милионии килограми, откупени се само 35%.

 

„И 40 картони да однесиш по шифри ти ги ценат, а од тие 40, 25 ти враќаат назад, така да џабе и редот ти поминал што си го чекал и нема што повеќе да носиш. Ти бараат горни берби, му носиш горни берби бо прва, нема шанси за прва. На договор потпишан на 2.2 тона, да ја зборниме најреално работата која ни се случува, му купува само 4 картони од прва рака, а за другите му вика кај сакаш да си ги носиш“, истакна Еџевиит Ајдароски, тутунар од Општиина Долнени.

 

Тутунарите обвинија и дека откупувачите намерно не им давале картони за да го спакуваат тутунот. Најавија дека в година ќе формирале нови здруженија кои реано ќе ги застапувале нивните проблеми.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи