ВИДЕО – Комората за фотографска и видео дејност бара и тие да бидат вклучени во 5-тиот сет владини мерки за помош

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Комората за фотографска и видео дејност на Република Македонија денеска во Прилеп одржа работен состанок на кој пред продукциите и фото студијата беа презентирани плановите да се побара и тие да бидат внесени како дел од 5 сет на владини мерки за помош во ковид кризата.

 

 

Има барање до Владата да бидеме вклучени во 5-от сет на економски мерки. Станува збор за претпријатија кои се мали или микро правни субјекти и имаат од 1 до 5 вработени и со намалувањето на само еден вработен го губат условот за да учествуваат во економските мерки, а исто така го губат условот за да добијат поволни бескаматни кредити во Развојната банка на РСМ.

 

Имаме изготвено листа на барања кои веќе се доставени дел до Владата на РСМ. Имавме пратено барање за средба, добивме само краток одговор дека ќе бидеме поврзани со Министерството за култура, одговор кој сметаме дека не е прикладен, бидејќи сметаме дека ние како економски оператори кои вршат стопанска дејност, за нас најкомпетентни би биле Министерството за економија, Министерството за финансии, а не директно Министерството за култура.

 

Барањата за средба ни се не само заради економските мерки или вклучување во 5-от сет на помош од државата, туку и да успееме да издејствуваме самата Комора да издава лиценци за нашата дејност, со кои лиценци би се ставило ред од нелојална конкуренција, ред во самата дејност“, вели Миле Спасов, претседател на Комората за фотографска и видео дејност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи