ССМ бара задолжително продолжување на финансиска помош во исплата на плати за компаниите

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на седница на Економско-социјалниот совет ги изнесе предлозите на Сојузот пред останатите социјални партнери.

 

 

Дел од предлозите на ССМ кои се доставени до Владата се следните:

 

 

–      Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги извршуваат деловните потфати поради вирусот или ќе ги извршуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците;

–      субвенционирањето на платата да продолжи онаму каде што производството е намалено како што е утврдено и со четвртиот пакет мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците;

–      работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено на породилно отсуство;

–      надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од КОВИД, изолација и самоизолација да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон;

–      насочување кон спроведување јавни набавки од страна на државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.

 

 

Димовски истакнува дека со петтиот пакет мерки задолжително мора да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати за да не бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.