Игор Спасов бил фатен при увид по пријава за семејно насилство во Бугарија

Бугарскoто национално радио извести дека Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, бил уапсен вчера во Софија, во населбата Младост, за време на увид на полицијата по пријава за семејно насилство. За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница. Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

 

Засега е нејасно дали Спасов има бугарско државјанство кое што може сериозно да ја искомплицира постапката за негова екстрадиција во Македонија.

 

 

Спасов е поранешен специјалец од МВР, кој беше осуден за убиството на младиот Нешкоски за време на прославата во Скопје за изборната победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година. Тој беше осуден на 14 години затвор. Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред 1 година, поради лекарски наоди дека имало потреба од операција за дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи