Уште едно параглајдинг првенство закажано за ова лето во Крушево – „Крушево Озон опен“

 

Во Крушево е закажано уште едно параглајдинг првенство за ова лето. Се работи за „Крушево Озон опен“ (Krusevo Ozon Open) кое ќе се одржи од 4-ти до 10-ти септември.

 

Организаторите се надеваат дека третото издание на ова првенство ќе се одржи непречено и дека ќе се спроведе еден забавен и едукативен настан.

 

„Крушево Озон опен“ е настан кој е организиран од домашни параглајдинг клубови и веќе три години носи учесници од многу европски држави.

 

Инаку во моментов во тек е регистрацијата за учество на Светското првенство во змајарство од 18 до 31 јули во Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи