ВИДЕО – „Тутунска надеж“ е името на новото здружение на тутунари, велат дека броеле 12.000 членови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Тутунска надеж“ е името на новото здружение на тутунари кое денеска се формираше во Прилеп. Членовите на здружението, кои велат дека се околу 12.000, велат дека целта на формирањето на ова тело била да се заштитат тутунарите од целата ситуација која се случила оваа година. Обвинуваат дека моментално се откупувал само квалитетниот тутун и тоа само во трета и четврта класа, а додека долните берби не се откупувале. Во здружението членувале тутунари од сите региони во Македонија каде се произведувало тутун како Прилеп, Долнени, Радовиш, Демир Хисар, Могила, Велешко, Конче, Скопје.

 

 

„Со ова здружение се надеваме дека во иднина ќе помогнеме за да не ни се случуваат вакви работи. Да не се случува грабеж на тутунарите и да биде обезвреднет целиот нивен труд. Затоа што сметаме и сме свесни дека тутунарите и требата на нашата држава, но и државата им е потребна на тутунарите за да ги заштити. Ги повикуваме јавно сите кои имаат улога во откупот, политички партии, локални самоуправи, министерот за земјоделство да излезат и да изразат јавно поддршка и сметаме дека е потребно веднаш да се започнат преговори со нашето тутунско здружение  затоа што во позадина имаме импозантна бројка од 12.000 членови, кои секодневно не поддржуваат и ни даваат јавна поддршка. Тоа не е бројка која може туку-така да се занемари, туку е бројка на која одредени фактори треба да посветат особено внимание. Секојдневно сме сведоци на омаловажување, на малтретирање, на откуп кој ги премина сите граници. Се носи тутун во доцни вечерни часови, се цени во ниедно време, тутун за партиски потреби, незнак како да ги наречам. А вистинските тутунари се оставени само на себе и чекаат по 4 или 5 дена ред“, истакна Николче Станковски, член на здружението „Тутунска надеж“.

 

Според Станковски за оваа сезона како здружение ќе се залагале за зголемување на субвенциите по категорија на тутун, а не по паралела, а за склучувањето на новите договори, ќе барале во договорот да се направи класифицирање на тутунот, односно точно да се знаело кој тутун може да оди во 4-та класа.

 

„Годинашниве мостри се направени да прва, втора и трета класа има ставено тутун Т1, а во сите откупи 20 години наназад Т1 е прва класа. А годинава по кој начин биле мострите потпишувани, кој ги потпишувал кој ги изготвил незнаеме. Тоа е однапред смислена работа за да биди цената каква што е сега. И симптоматично е, ние се чудиме, како може просечната цена да биде 165 денари, а кога на терен немаме видено поголема пресметка од 120 денари“, додаде Станковски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video