Двајца прилепчани осомничени за тешка кражба во стан во Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Двајца прилепчани се осомничени за тешка кражба во стан во Скопје, од каде одзеле накит во вредност од 65.000 денари, а поради опасност да го повторат делото обвинителството предлага да им биде определен притвор.

 

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, поведена е постапка против две лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата „Никола Парапунов“ во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од 65.000 денари.

 

„Јавниот обвинител му предложи на судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото“, информираат од Обвинителството.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video