Македонските доктори со реакција: Со кое право министерот рече: „Не, благодарам“ за понудата за вакцини од Србија за македонските здравствени работници?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Д-р. Ненад Лазаров преку Фејсбук статус реагира на тоа што министерот за здравство, Венко Филипче, пред 3 недели ја одби понудата на српската премиерка, Ана Брнабиќ која ги повика здравствените работници да се вакцинираат во Србија.

 

Во продолжение, ви го пренесуваме статусот во целост:

 

Со кое право министерот рече не благодарам на Србија за понудата за вакцини за македонските здравствени работиници?
Ќе си одевме најкултурно ќе се вакциниравме за да може да работиме.
Не се вакцинирај ако не сакаш, немој мене тоа право да ми го ускратуваш, пошто 2022 да се вакцинирам не планирам.

 

Околу 70 Македонци, кои имаат државјанство и од Србија, се вакцинирале против ковид 19 на пунктот во Врање.

 

 

„Бидејќи сум двоен држајанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање во Е-управата https://imunizacija.euprava.gov.rs/ за примање вакцини во Србија. Ми излегоа во пресрет и ми испратија дата за примање на вакцината, вели  Зоран Симоновски од Скопје за РТС.

 

Од Здравствениот центар во Врање велат дека за странските државјани да се вакцинираат во Србија потребно е да уредно да се пријават преку е-управата, исто како и сите граѓани на Србија, да покажат лична документација, лична карта или патна исправа.

 

 

Србија е на второ место во Европа по број на вакцинирани. Досега се вакцинирани половина милион граѓани. Вакцинацијата се одвива на повеќе од 400 пунктови. Од денес е отворен и пунктот на Белградски саем за „Фајзер“ вакцина.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video