Марш за поддршка на жртвите од „Јавна соба“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денес во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на жртвите од „Јавна соба“. Учесничките на маршот со порака „Разбуди се ОЈО” му порачаа на Обвинителството дека крјано време е да се разбуди и да почне да постапува, да си ја врши работата бидејќи институциите кои треба да нè заштитат од насилство, очигледно не го прават тоа. Протестот почна пред зградата на Министерството за внатрешни работи и заврши пред зградата на Основното јавно овинителство. Организатор на маршот е Платформата за родова еднаквост.

 

Во продолжение барањата на организаторите:

 

 

Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.

Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.

Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција, бидејќи држава која не постапува, е држава која силува!

 

 

Во своето обраќање адвокат Марта Гусар која застапува и е вклучена во борба на жртвите на родово базирано насилство, рече дека и самата таа била жртва на „Јавна соба”.

 

 

„Здраво на сите. Јас сум Марта Гусар, адвокатка, но и жртва на „Јавна соба”. Мојот службен број беше споделен во оваа група, како што напишале „за дискретни средбички”. Откако се случи тоа да мојот број се најде во оваа друга, во првите два часа не можев да се соземам дека тоа мене ми се случува, а може да му се случи секому. Пријавив веднаш со сликање на екранот од пораките кои ги добивам, како и испраќање на фотографии и броевите кои ми пишуваа. Пријавив за сексуално вознемирување. Како адвокат си ги знам своите права како да се заштитам, но не секој може да се заштити и да постапи на ист начин како јас. Со оглед дека за 2 часа се најдоа сторителите, се најде кој го споделил бројот во таа група, апелирам до сите институции да имаат еднаков третман и за неуките странки и лаици, така и со оние кои ги знаат своите прави. Една од работите кои мора да ги знаеме е дека „Јавна соба” не е забава, туку е класично кривично дело и треба да се третира како такво. За да им ја направиме забавата поголема во „Јавна соба”, апелирам сите жртви да пријават сексуално вознемирување. Да ги меморираат телефонските броеви со самиот телефонски број и со имиња и презимиња. Секое пријавување не е пријатно чувство ниту состојба, па да видиме дали ќе им биде се уште забава”, предупреди адвокатката Гусар.

 

 

Групата „Јавна соба“ се појави минатата година за прв пат, минатата недела се појави нова „Јавна соба“ и до сега за овие случаи нема завршница.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video