Како ќе се спроведува пописот – детали од Државен завод за статистика

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски и заменик-директорот Илми Селмани денеска на прес-конференција, која се одржа онлајн, преку зум апликацијата информираа за Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.

 

 

Во Пописот, освен Државниот завод за статистика, учествуваат Советот за статистика, 150 државни инструктори, 500 реонски инспектори и 5.500 реонски попишувачи.

 

 

Според директорот Симовски, ќе се користи комбиниран метод на Попис, кој за прв пат ќе се применува кај нас и се базира на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување и со податоци од регистри поврзани со користење на Единствениот  матичен број на граѓанинот (ЕМБ).

 

 

Комбинираниот метод ќе ги вклучи базите на податоци од:

 

 

Министерство за за внатрешни работи,

Министерство за информатичко општество и администрација,

Министерство за образование и наука,

Министерство за труд и социјална политика,

Агенции за вработување,

Агенција за катастар на недвижности,

Фонд за пензиско и инвалидско осигурување,

Управа за јавни приходи,

Управа за водење на матични книги,

и расположливите податоци во ДЗС од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис регистер и друго.

 

 

Наместо хартиени прашалници, попишувачите ќе користат лаптопи со посебно развиена веб апликација.

 

 

„Пописот 2021 е опсежна операција и најважно е што со него се прибираат географски, демографски, образовни, економски, миграциски, етно-културни и податоците поврзани со инвалидитет“, нагласи директорот Симовски, кој посочи дека сите важни информации поврзани со Методологијата на Пописот се наоѓаат на веб страната на ДЗС.

 

 

Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за 3 категории на население и тоа:

 

 

 

-Вкупно резидентно население, кое го сочинуваат: лицата државјани со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Северна Македонија; лицата-странци кои престојуваат во Република Северна Македонија подолго од 12 месеци (една година), со одобрение за постојан или за привремен престој; лицата што имаат место на живеење во Република Северна Македонија и се нејзини државјани, а во времето на Пописот престојуваат во странство помалку од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив; лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, а кои во времето на Пописот се на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на домаќинствата што привремено престојуваат во странство со наведените лица (независно од должината на престојот во странство по некој од наведените основи).

 

 

 

Тука, во оваа категорија спаѓаат и следните лица ако се континуирано присутни во земјата повеќе од 12 месеци: странците со признат статус на бегалец што ќе се најдат во Република Северна Македонија во времето на Пописот; странците со признато право на азил поради супсидијарна заштита, кои во времето на Пописот се нашле во Република Северна Македонија; странците со поднесено барање за признавање право на азил што се нашле во Република Северна Македонија во времето на Пописот; други лица што ќе се најдат на територијата на Република Северна Македонија во време на Пописот (а кои ги исполнуваат претходно дефинираните критериуми).

 

 

 

-Вкупно нерезидентно население го сочинуваат следните лица-единици на Попис, и тоа: лицата државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на Пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив; лицата-странци кои престојуваат во Република Северна Македонија до 12 месеци (помалку од една година), со одобрение за привремен престој.

 

 

-И вкупно попишано население, категорија која ги опфаќа претходните две категории население.

 

 

Пред официјалниот почеток на Пописот од 1-15 март ќе биде остварено попишување на посебни категории лица и тоа: воениот персонал во странски и објекти во државата во рамки на Министерството за одбрана; како дел од Министерството за правда ќе се попишат казнено-поправните институции; лицата без документација со учество на Министерството за труд и социјална политика и со помош на Министерството за надворешни работи ќе се попишат нашите дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

 

 

Самопопишување/саморегистрација на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот живеат /престојуваат во странство ќе се врши од 1 април до 21 април по пат на самопопишување преку онлајн апликација достапна на веб-страницата на ДЗС, или според законските норми нив може да ги попишат лица кои добро ги познаваат и ги имаат сите потребни податоци за нив. При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци не ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци.

 

 

Пописот ќе се спроведува на 7 јазици и треба да заврши до 21. април.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video