Неофицијално : Во Прилеп досега уапсени 7 лица, осомничени се и полицајци – голема полициска акција против дилерска мрежа

Во моментов во Прилеп во тек е голема полициска акција која започна уште претпладне. Според неофицијалните информации со кои располагаме во моментов акцијата е организирана за разбивање и откривање на голема дилерска мрежа и се проверуваат повеќе локации и домови на осомничени. Органите на прогонот трагаат по хероин, кокаин, марихуана и анфетамини.

 

Неофицијалниите информации говорат дека во оваа мрежа се вмешани и менаџepи на локали, хотели, па дури и полицajци, кои во изминатиов период соработувале со дилерите на наркотични дроги.

 

Неофицијално дозаваме дека до овој момент се приведени и уапсени 7 лица, а осомничени биле 20-тина. Денеска била запленета марихуна, три возила, поголема количина пари, мобилни телефони и документација.

 

Од МВР не сакаат во овој момент да ги потврдат овие информации со кои располагаме, само велат дека во тек е поголема акција за која повеќе информации ќе имало во текот на утрешниот ден.

 

Инаку во Прилеп се присутни голем број на инспектори од Скопје, припадници на специјалните единици и кучиња трагачи. Неофицијално дознаваме дека органите располагат и со ПИМ мерки, односно дека оомничените биле следени повеќе месеци.

 

Одделот за криминалистичка полиција во соработка ОВР – Прилеп, а по насоки на Јавниот обвинител од Прилеп, изминатиот период од неколкку месеци спроведувале криминалистичка истрага за повеќе лица, некои од нив дури ии фамилијарно поврзани, кои биле инволвирани во недозволена продажба на наркотични дроги. Во текот на истрагата биле обезбедени докази за криминалната група.

 

Акцијата се очекува да трае во текот на целиот викенд.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи