Покрај бугарската БНT 4 ТВ која ќе се емитува од 1. март, ќе гледаме уште 3 приватни бугарски телевизии во Македонија ако влезат во пакетот Макс ТВ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спорот со Бугарија, Владо Бучковски најави дека во блиска иднина ќе има заедничка продукција помеѓу МРТ и БНТ, како и извести за барањата за емитување од уште три приватни бугарски ТВ канали во Македонија.

 

 

Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – вели Бучковски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи