Министерството за здравство го потпиша договорот за кинеската вакцина

Во текот на овој месец во Македонија треба да стигнат 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Министерството за здравство денес го потпиша договорот за набавка.

 

 

„Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец“ – објави министерот за здравство Венко Филипче.

 

 

Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц. Направен е детален план за транспорт на вакцината, а е направен и план за ваквинација во 3 фази кој предвидува вакцинацијата на едно лице да трае по десет минути, а јавни здравствени установи да работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.