Притвор за 4 осомничени од Прилеп за продажба на наркотични дроги

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

 

„Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки. По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата. Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со Решение на осомничените им определи мерка притвор со траење од 30 дена“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи