16 фирми од Прилеп не исплатиле плати за декември од финансиската помош од Влада

Владата  ја објави листата на фирми коишто не ги исплатиле платите на своите вработени за декември иако добиле финансиска помош од Владата. На листата се најдоја вкупно 306 фирми, од кои 16 имаат седиште во Прилеп.

 

 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ги истакна деталните податоци за злоупотребата на финансиската помош.

 

 

„За декември 2020 година поднесени се 13.721 барања и на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021 година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица. Најголема злоупотреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво. Најголемиот број на ваквите фирми кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје“, вели Лукаревска.

 

 

Целосната листа со 306 фирми кои ја злоупотребиле финансиската помош, можете да ја видете ОВДЕ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи