Македонците во странство ќе се попишат со онлајн саморегистрација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата соопшти дека државјаните на Македонија кои во периодот кога ќе се спроведува пописот (1 април до 21 април 2021), а кои живеат/престојуваат во странство, ќе можат самите да се попишат со онлајн саморегистрација која ќе биде достапна на веб страницата на Државен завод за статистика (ДЗС), почнувајќи од 1 март до завршувањето на пописот до 21 април 2021.

 

 

Овие граѓани во пописот ќе влезат во категоријата под името: „вкупно нерезидентно население“. Тоа се лицата, државјани на Македонија, кои престојуваат во странство повеќе од 12 месеци, поради работа или други причини, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив.

 

 

„Услов да се самопопишат е точниот единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Начинот на попишувањето е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на ДЗС“, соопштуваат од Владата.

 

 

За лицата кои живеат во Mакедонија, а кои за време на пописот се во странство и не се самопопишале преку веб-апликацијата, попишувањето ќе се врши во нивното последно место на живеење, ако на таа адреса има полнолетен член на домаќинството или друго лице кое може да ги даде сите потребни податоци за нив.

 

 

„За овие лица податоци дава исклучиво полнолетен член на домаќинството или друго полнолетно лице. Давателот е должен да приложи соодветен документ од кој ќе може да се преземе ЕМБГ на лицето кое се попишува, со што ќе ја гарантира точноста на  податоците. При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци нема да ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци“, соопштија од Владата.

 

 

Информациите за македонски државјани во странство ќе помогнат во стратешкото планирање и во создавањето на ефективни политики кои би ја намалиле миграцијата.

 

 

„Овие информации ќе помогнат во планирањето на нови работни места во однос на побарувачката на пазарот на трудот, креирање напредни младински политики и спречување на така наречениот „одлив на мозоци”“, стои во соопштението на Владата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video