Од 45 случаи на „британски“ сој на Ковид 19 во земјава, 10 се од Прилеп

 

Преку лабораторијата на МАНУ, досега во нашата земја се потврдени вкупно 45 случаи на „британски“ сој на коронавирус, од кои 10 се од Прилеп.

 

Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти. Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани.

 

„Од причина што „британскиот“ сој е позаразен во однос на претходниот сој, во наредниот период очекуваме зголемување на бројот нови случаи на коронавирус. Во таа насока, упатуваме апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор“, велат од Центарот за јавно здравје во Прилеп. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.