Патнички воз на релација Велес-Кочани излетал од шините

Facebook
Twitter
Email
Print

Патничкиот воз од Велес за Кочани вчера попладне околу 17.20 излетал од шините. Несреќата се случила на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле.

 

 

Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени.

 

 

Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи