1380 лица дневно ќе се вакцинираат во Скопје, од утре ќе биде пуштен системот за онлајн закажување термин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Дневно, во Македонија ќе се вакцинираат 2500 лица, а во Скопје 1.380 граѓани. Министерот Венко Филипче изјави дека смета дека овој капацитет е доволен за спроведување на првата фаза од вакцинацијата.

 

 

Вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите скопски поликлиники. Го направивме оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар. Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе работат од 8 до 20 часот, а останатите по една смена. Децата од претшколска и школска возраст ќе бидат заштитени и истите ќе се упатуваат во Поликлиниката Ѓорче Петров или во амбулантата во Карпош. Во останатите градови, вакцинацијата ќе се спроведува во вакциналните пунктови по примерот на имунизацијата за сезонски грип – објави Филипче на својот Фб профил.

 

 

Утре, 10 февруари, ќе профункционира веб страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација. Термините ќе бидат одредени според приоритетна група.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи