ВИДЕО – Станимировиќ: И покрај забраните во дел од кафеаните во Прилеп се прават семејни прослави – расте бројот на заболени од Ковид 19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Дали британскиот сој на Ковид 19 е причината за зголемениот број на случаи од корона вирус во последните денови во Прилеп. Преку лабораторијата на МАНУ, досега во Македонија се потврдени 45 случаи на овој сој од кои 10 се од Прилеп. Ако во јануари имавме драстично намалување на заболените и Прилеп имаше само 322 случаи, од почетокот на месецов до денес регистрирани се 122 случаи. Епидемиолозите сепак велат дека немало причина за паника, засега немало научни докази дека овој сој бил поопасен. За зголемувањето на бројките според нив виновни се граѓаните кои во овој период се опуштиле и престанале да ги почитуваат мерките.

 

 

Секако дека делумно се должи и на побрзото ширење на новиот сој на вирусот, меѓутоа ии поголемиот дел од новорегиистрираните случаи се фамилијарни контакти, заразени се при некои семејни средби и прослави. А и сами сме сведоци на однесувањето на нашите граѓани во кафеаните, рестораните. Се уште имаме сознанија дека во рестораните се организираат некои семејни прослави и покрај забраната“, вели Татјана Станимировиќ, раководител на епидемиологија во Центар за јавно здравје Прилеп.

 

7 од случаите со британски сој на Ковид 19 во Прилеп се на домашно леккување, а тројца се хоспитализирани со средна клиничка слика. Засега се уште во Прилеп можеле да се следат кластерите.

 

„Во моментов може да се следат кластерите. Се работи за фамилијарни, семејни калстери, немаме кластери во работни организациии, што значи дека таму продолжуваат строго да се почитуваат мерките“, додава Станимировиќ.

 

Но сепак доколку се продолжи со оваа динамика се очекува во наредниот период драстично зголемување на бројот на заразени со Ковид 19. Дел од епидемиолозите сметаат дека дури за 1 месец може да дојде и до повторно преадаптирање на цели одделенија во болниците како Ковид центри.

 

Во Прилеп од почеоткот на пандемијата биле регистрирани 4.675 заболени, а починале 240. Во моментов активни биле 179 случаи од кои 22 хоспитализирани. Реинфекции од почеток на пандемијата до денес имало само 4.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video