Туристичките работници со барање да се вклучат во приоритетните групи за вакцинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Туристичките работници со реакција затоа што не се вклучени како приоритет во првата фаза на вакцинација, која беше презентирана со Планот за вакцинација од Министерството за здравство и министерот за здравство, Венко Филиче.

 

 

„Ние даваме еден апел за нештото да биде успешно. Не смееме да помислиме дека нема да добиеме вакцини во следниот месец. Мора да се спроведе, бидејќи ако не биде спроведено нема да имаме една безбедна дестинација, гостинот нема да ја осеќа таа безбедност кога ќе треба да допатува или кога ќе треба да се одлучи дали да патува во Македонија. Со вакцинацијата на вработените во туристичкиот сектор ќе се даде слика дека ние сме безбедна дестинација и во сезоната 2021 секој гостин, домашен или странски да ќе се чувствува безбедно. Што поскоро да се донесе вакцината и да се почне со вакцинирање“, порачува Крсте Блажески, претседател на Асоцијација на Хотелиери на Македонија (ХОТАМ).

 

 

Од Агенцијата за туризам известуваат дека ќе инсистираат до Владата туристичките работници да имаат приоритет при вакцинирањето. Исто така, најавуваат дека следуваат промотивни активности од 15. март за привлекување на туристи, со посебно внимание кон создавање слободно патување со Холандија и Полска за враќање на авиолиниите со цел годинава да се вратат и холандските туристи во земјата.

 

 

Во тек се подготовките за безбедносни протоколи за патување и сместување во хотелскиот сектор кои ќе бидат усогласени со оние во ЕУ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи