ВИДЕО – Мицкоски : Мојот пат е да и служам на Македонија, а оние кои сега бараат конгрес се заробеници и слуги на Заев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кон крајот на ноември партијата ќе има редовен конгрес кој се одржува на секои 4 години и на тој конгрес ќе можеме да разговараме за идните чекори кои идното реководство на партијата ќе ги преземе, кое ќе биде избрано на тој конгес, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на прилепско.

 

 

Доколку ме прашувате за оваа таканаречена иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев, кои се обидуваат и да манипулираат со дел од делегатите кои беа присутни на конгресот и во Куманово, а потоа и во Валандово, а со единствена цел практично да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев, за да можат да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој се случува за нив денеска. Јас можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам. Истовремено сакам да ја искористам оваа прилика еве да се заблагодарам на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти, кои ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење истите ги отфрлаат и продолжуваат со раководството на партијата легитимно да се борат се до остварување на крајната цел, а крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум горд на мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие го одбрале патот да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а после тоа следи одговорност за сите оние криминалци кои се обидуваат да и наштетат на Македонија“, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video