ВИДЕО – Мицкоски: Ќе забраниме увоз на тутун пред да биде откупен целиот домашен тутун

Повеќе од 4.000 тони тутун ќе остане оваа година непродаден, неоткупен поради тоа што минатата година Владата на СДСМ и Зоран Заев дозволи да практично да се увезува тутун во Македонија, наместо да се откупува домашниот. Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, при неговата посета на тутунарите во селото Големо Коњари кај Прилеп.

 

 

Исто така она кое што сакаме да го слушнеме од прва рака е ниската откупна цена која што во овој крај, во Прилепско, во Долненско е исклучително е би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005-тата година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со кои што располагам, не само овде во Коњари, во Големо, Мало, таква ситуацијата е и во Дебреште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките кои што се денес секојдневие. Ние како ВМРО-ДПМНЕ предложивме дуплирање практично, зголемување двојна на субвенцијата која што ја добиваат тутунарите. Тие тоа го побараа од нас, а ние како опозиција го побаравме од Владата, но за жал немаше слух од Владата за таков потег. Исто така побаравме да биде укинат овој Закон кој што дозволува да се увезува тутун, но за жал и тоа не беше предвидено. И гледам денеска дека е предвидено од прилика некаде едно евро субвенција за еден килограм тутун што значи дека не може да се покрие ниту оној кој што остана непродаден, а камо ли па за нешто повеќе“, истакна Мицкоски.

 

Мицкоски изјави дека следната Влада која ќе била предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го укинела Закон со кој што се дозволува увоз пред да биде откупено целото количество на тутун кој што го произведуваат тутунопроизводителите, тутунарите од Македонија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи