Фекалиите повторно завршија во Охридско езеро

Facebook
Twitter
Email
Print

Катастрофалното загадување кое трае со години и никој не презема ништо околу тоа исплива на површина. Фекалиите повторно завршија во Охридското езеро. Надлежните известуваат дека колекторскиот систем функционира, но екологистите го демантираат ова.

 

 

„При помали врнежи доаѓа до излевање на колекторскиот систем. Фекалиите директно се влеваат во езерото. Класични фекалии од домаќинствата, од секаде фекалии. Сега сме месец февруари, но ова се случува и во летните месеци. Се случува и кога нема врнежи. Кај нас реагирале граѓани, кои што со кајчиња влегуваат кај трската кај Подмоље и кои буквално заглавуваат во фекалии во длабочина од 100 метри од кррајбрежјето“ вели Борис Стојаноски-еколошко друштво Грашница.

 

 

Првиот човек на ЈП „Колекторски систем“ објаснува дека не се излеваат фекалии, туку дека станувало збор за вишок атмосферска вода, која е влезена во колекторскиот систем.

 

 

„Решението почна пред повеќе од 15 години, кога почна да се одвојува атмосферската од секундарната канализација, но затаија тогаш работите и не се заврши сето тоа. Истиот тој проблем, ние го имаме и денеска и токму тоа е проблемот со излевањето на вишокот атмосферска вода која е влезена во нашиот колекторски систем“, рече Владимир Алексиески – директор на ЈП Колекторски систем.

 

 

Минатата година во август беше реконструиран цевководот на колекторот во должина од 3 километри каде што се 4 критични точки од кои се излеваа фекалии, но оваа реконструкција е помалку од 10 % од целиот систем.

 

 

Владата на вчерашната седница ги задолжи Министерствата за животна средина и за финансии да обезбедат средства за изградба на колекторски систем од Калишта до Радожда како приоритетен за 2021 – 2022 година.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи