8000 граѓани успеале да се регистрираат за вакцина, само што во Македонија нема пристигнато ниту една вакцина

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фб профил објави дека веб страницата за онлајн закажување за вакцини е пуштена во употреба и за рок од неколку часа веќе 8000 граѓани се регистрирале за да закажат термин.

 

 

„Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани!

 

 

Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот“ стои во написот на Филипче.

 

 

Граѓаните вчера со бурна реакција заради функционалноста на веб страницата. Имено, страницата ве носи до виртуелна „чекална“ каде што не знаете колку време ќе ви треба за да се регистрирате. Дури и да успеете да влезете и да ги внесете вашите податоци, првично ви требаше код кој ќе ви пристигне на вашиот мобилен телефон, и откако ќе го внесете кодот, страницата паѓаше. Во доцните часови, овој проблем беше надминат и не ви беше потребен код од вашиот мобилен телефон.

 

 

Дали проблемот е во преоптовареноста на веб страницата или пак е технички пропуст?

 

Техничката подготвеност на Македонија е дискутабилна со оглед на тоа што денес и пратката вакцини од Србија е одложена заради некомплетна техничка документација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи