ВИДЕО – Одбележан празникот „Св. Три Светители“ – Денот на бакалите, годинава домаќин Кирил Јандреовски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со Божествена литургија во најголемата црква во Прилеп, „Свето Благовештение“ денеска беше одбележан празникот Три светители кој што е патрон празник на бакалскиот еснаф во Прилеп, најбројниот еснаф во градот под Марковите Кули. Овој ден во Прилеп го викаат и уште Денот на бакалите. Но годинава пандемијата си го направи своето. Празникот се одбележа многу поскромно. За прв пат по повеќе од неколку децении на литургијата не присуствуваше ниту еден Владика од Синодот на МПЦ, а се случувало да доѓаат и по неколку Митрополити. Бројот на верниците и бакалите во црквата денеска беше мал. Не се даваше ниту традиционалниот ручек кој се приготвуваше за неколку стотини граѓани. Домаќин годинава е Кирил Јандреовски, кој ќе остане и за идната година поради ваквите услови.

Чест ми е што оваа година сум домаќин за овој голем празник – Три Светители, патрон на бакалскиот еснаф во Прилеп. Поради пандемијата се чествува со специфични услови, да се надеваме дека Господ ќе ни дава здравје и мудрост го пребродиме ова што не снајде“, рече Кирил Јандреовски, годинашен домаќин на славата.

Инаку оваа традиција кај бакалите во Прилеп постои од 1954 година. Прво домаќинот лично ги кани бакалите од градот и оди кај секого од куќа на куќа и од дуќан на дуќан, денеска празникот се одбележува со Литургија, а идната недела според традицијата во манастирот Света Петка во селото Лениште се дава ручек за сите граѓани. Постарите бакали велат дека имало и години кога скришно ја правеле оваа традиција за време на Југославија, но таа никогаш не прекинала.

Непрекинато секоја година ние имаме домаќин кој се пријавува. Кога ќе дојди денот ние одиме кај него, Владиката, еден, двајца, тројца, колку ќе дојдат, намјногу досега имало 5 мина владици дојдено, му крева леб, а потоа се дава ручек за граѓаните“, кажа Љупчо Ристески, бакал.

 „Настојуваме и понатаму да се одржи оваа традиција, сега моментално овој Ковид си го направи своето, се надеваме дека се ќе си дојде во ред за наредата година“, истакна Стојан Петкоски, бакал.

Инаку ваква уникатна бакалска традиција нема во ниту еден друг град во Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video