ВИДЕО – Бизнисмените бараат автопат Велес-Прилеп-Битола-Грција, државата без конкретен одговор дали ќе го прифати барањето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Иако Преспанско-Пелагонискиот регион учествува со 13% од БДП на Македонија, иако тука се произведуваат 90% од вкупната електрична енергија, 90% од вкупното производство на млеко и јаболка, 70% од вкупното производство на тутун, иако тука живеат 220.000 жители овој регион во однос на инфраструктурата со години е заборавен од државата и претставува слепо црево. Против ваквата состојба остро реагирата бизнисмените од Прилеп и Битола кои бараат итна изградба на автопатско решение од Велес, преку Прилеп и Битола до границата со Грција. Велат инвеститорите бегале од овој дел токму поради лошите патишта.

 

 

 

„Тој автопат е правиот автопат кој што ќе ни овозможи 42 километри пократок пат и 1 час сигурно побрзо време на комуникација и пристигнување. Овој автопат е многу значаен што 250.000 граѓани од Грција, 200.000 од Албанија би комуницирале многу побрзо со овој автопат. Таа комуникација ќе ни овозможи да ги превлечеме тие странски инвеститори.  Јас сум сведок да повеќе од 5 компании во овие 3 години кои што заминаа во Србија, во Босна, меѓу нив и Кробмерт за жал, поради патната инфраструктура“, рече Мирко Велковски, претседател на Регионална стопанска комора од Битола.

 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска во Прилеп оствари средба со бизнисмените од Пелагонија, не одговори конкретно дали Владата ќе ја прифати идејата на бизнисмените за изградба на овој автопат. Рече само дека оваа градежна сезона ќе се продолжело со изградба на двете делници од експресниот пат Прилеп-Градско кои сега се во застој, односно делниците Градско – Дреново каде ќе гради компанијата Штрабах и Дреново – Фариш, каде треба да се избере нова фирма, бидејќи Владата го раскина договорот со шпанската Рубау. Годинава ќе започнела и изградба на автопат но, само од Прилеп до Битола, а ќе се реконструирал патот од Битола до Меџитлија.

 

„Значи ние имаме толку многу отпочнати патни правци овде и навистина сакам да тие мостови кои што ги гледаме покрај патот да конечно бидат патни правци по кои што ќе се движат возила. Да ги расчистиме дилемите со Прилеп – Битола, да влеземе во постапка и секако сме тука да разговараме за сите други барања и можности, со цел да бидеме сериозна држава, да тоа што е започнато да не го оставаме вака, заради тоа што сериозноста на една земја и првиот констакт на можеби странски граѓани кои што доаѓаат тука се патиштата. Поради тоа се она што сме го започнале тука мора да го завршиме“, истакна Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

 

Бизнисмените пак остануваат на ставот дека овој регион конечно заслужува итна реакција од државата по однос на инфраструктурата бидејќи 8.300 компании вработуваат околу 130.000 луѓе, а патниот правец Плетвар секоја година одзема десетици животи.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи