ВИДЕО – Петкоски: Во буџетот за 2021 нема средства за идеен проект, не пак за изградба на автопат Прилеп-Битола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денес во посета на Прилеп беа високи претставници од власта меѓу кои вицепремиерот Битиќи, министерот за транспорт и врски Бочварски кои своја средба имаа со претставници од Стопанската комора од нашиот град. За жал на оваа средба повторно се зборувало за лагата која Зоран Заев пред само една година во месец февруари, ја кажа пред истите овие претставници од Регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп, поврзана со автопатот Битола-Прилеп-Велес. Рече на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Па така денес без трошка срам, претставниците од власта говореле за некаква изградба на автопатско решение од Прилеп за Битола, и како тоа оваа година ќе започнела изработката на идеен проект и физибилити студија. Дека е ова уште една лага од низата лаги својствени за владеењето на СДСМ, говори фактот што во буџетот за 2021 година, нема предвидено средства за изработка на идеен проект, не пак средства за реализација и изградба на овој автопат.

 

Да не заборавиме дека токму во времето кога нашиот сограѓанин Сугарески беше министер за транспорт и врски беше прекината изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, патниот правец кој требаше да значи живот за прилепската економија и безбедност во сообраќајот.

 

За надминување на овие проблеми, нашите пратеници поднесоа и амандмани кои експресно беа одбиени, со што се потврди дека Прилеп не е од интерес за оваа власт.

 

Почитувани, наместо да се занимаваат со лаги и да ги повторуваат истите по сто пати со цел да станат вистина, Зоран Заев и неговите министри треба да засукаат ракави и конечно да почнат нешто да работат. Иако се задолжија 1.5 милијарди евра, накрај во оваа пандемија се што направија е што оставија на улица 55.000 луѓе без работа. Тоа е ефектот од нивното работење во стопанството.

 

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија е отворена за соработка со бизнис секторот. Со сите наши ресурси, решенија и законски можности стоиме на располагање за економскиот раст и развој во Пелагонискиот регион, вклучително и Прилеп“, рече Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи