ВИДЕО – Прилеп ќе ги добие првите лиценцирани асистенти за помош на лица со алцхајмерова болест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилеп оваа пролет ќе ги добие првите 12 лиценцирани, со меѓународен сертификат, асистенти за помош на лицата со алцхајмерова болест и други деменции. Тие се дел од проектот за обука на УНДП, а кој го спроведува средното прилепско училиште „Ѓорче Петров“. Тримесечната обука опфаќа 30% теоретска, и 70% практична настава во институции. Благица Андоноска се грижела за својата мајка која боледувала од Алцхајмер цели 5 години. Сега своето искуство сака да го надогради и професионално да се занимава со помош и грижа за овие лица.

 

 

„За оваа болест треба голема нега и голема хуманост од страна на цело семејство. Бевме сите ангажирани и сакам во иднина да му помагам, да се грижам за вакви лица“, рече Благица Андоноска, посетител на курсот за лиценцирани асистенти за алцхајмерова болест.

 

Овие сертифицирани негуватели после обуката планираат да формираат здружение и очекуваат одредена поддршка и помош од општината и државата. Институциите кои би згрижувале лица со Алцхајмер и деменција претставуваат скапа инветиција, a додека членовите на семејството за да се грижат за нив мораат честода ги напуштат и работните места. Токму затоа денес во светот се повеќе се зголемува потребата од развој на економија за грижа на лица кои имаат потреба од тоа.

 

„Најбитно од мој аспект е да се информираат семејствата кои што имаат вакви лица и да побараат помош од нас како лиценциран кадар кој е нов во нашата општина и сметаме дека во иднина ќе имаме просперитет“, рече Моника Цуцулоска, посетител на курсот за лиценцирани асистенти за алцхајмерова болест.

 

„Треба ние да им кажеме на тие што ги негуваме каква исхрана да применуваат, каков начин на живот да поминуваат во текот на денот со некакви активности, да не се чувствуваат изолирани од останатите личности“, истакна Даниела Станкоска, посетител на курсот за лиценцирани асистенти за алцхајмерова болест.

 

Со оваа обука освен што ќе се помогне на семејствата кои имаат некој член болен од оваа болест, се отвора можност и за вработување на ваков обучен кадар за тоа.

 

„Ова е болест на современиот начин на живеење која најмногу е во земјите во развој. Најнападнати се лицата кои имаат од 65 години па натаму, процентот на заболување се зголемува“, изјави Антигона Димеска, стручен соработник.

 

Според одредени статистики во Макеодонија има околу 20 000 лица со Алцхајмерова болест, а заедно со другите деменции – бројката е двојно поголема.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи