Дарко Грозданоски нов напаѓач на Победа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Прилепскиот второлигаш Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот-напаѓач. Нов шпиц на Победа во пролетната полусезона ќе биде младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина).

 

Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминатаата 1,5 година, а во есенската полусезона како позајмен фудбалер настапуваше за Тиквеш од Кавадарци при што на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола(против Вардар и Струга Трим Љум).

 

Станува збор за млад, но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ Младинската школа на Црвена Звезда, Чукарички и БСК Белград во кои тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ… Со доаѓањето во Прилеп младиот голгетер Грозданоски има убава можност претстојната пролет со своите квалитети да се докаже во екипата на Победа која е составена главно од фудбалери негова генерација-родени 1999-тта година и со своите игри и голови му помогне на клубот во претстојната пролетна полусезона во која приоритет е сочувување на второлигашкиот статус.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video