Заев: Кинески вакцини после кинеска Нова година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека 200 илјади вакцини од кинеската„Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година, а околу проблемот со „Фајзер“  вакцината која требаше да стаса од Србија објаснува дека работат на решавање на проблемот околу дозволата од производителот.

 

 

Новогодишната ноќ во кинеската традиција трае дури 15 дена, а според кинеската традиција и кинескиот хороскоп, новата 2021 година почнува денес на 12 февруари.

 

 

„До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава. За вакцините од „Фајзер“ кои требаше да ги добиеме од пријателска Србија, најпрво проблем се појави бидејќи производителот не дозволуваше да се препродаваат. Потоа договоривме да ни ја дадат како донација, вредноста е некаде околу 60.000 евра, ние после ќе се раздолжевме некако, но и тоа не беше дозволено. Работиме да се реши овој проблем, вратиме кај производителот сите,  јас, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ. Во прашање се денови или часови за да ја добиеме дозволата“, вели Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи