Велески: „Комуналец“е на врвот на својата задача, со чистење ќе продолжиме во текот на целиот ден

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

По обилните врнежи од снег, од ЈКП „Комулаец“ информираат дека нивнитет екипи уште од рано утринава биле на терен и се расчистувало најпрво централното градско подрачје, а потоа и сите тротоари на булеварот и тротоарите на главните улици.

 

Од ЈКП „Комуналец“ велат дека исчистени се приодите на пешачките премини, отворени се патеки за движење низ плоштадите, а се работи и на отворање патеки низ парковите.

 

Од страна на ангажираните служби од Локалната самоуправа за чистење на улици комплетно бил исчистен булеварот и сите пиголеми патни артерии низ Прилеп, а според Програмата за работа се чистеле и помалите улици.

 

„Со чистење ќе се придолжи во текот на целиот ден, со цел граѓаните да можат непречено да се движат низ градот, впрочем тоа е наша обврска, да овозможиме и по вакви големи врнежи од снег нормално одвивање на животот во градов. Ваквите состојби да не се користат за политички пресови со кои беспредметно се критикува јавното претријатие, кое пак, секогаш е на врвот на својата задача“, вели првиот човек на „Комуналец“, Сашо Велески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи