ВИДЕО – Златески: Иако Прилеп има договор од 12 милиони денари за зимско чистење на улиците, градот е комплетнмо неисчистен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Покрај најавите за обилни врнежи од снег, локалната власт предводена од СДСМ на чело со градоначалникот Јованоски, и оваа година се чини е изненадена од снегот. Истакна Никола Златески, претседател на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Иако за зимско одржување за сезоната 2020/2021 година е склучен договор во висина од 12 милиони денари, сепак Градоначалникот и службите во локалната самоуправа, целосно потфрлија и уште еднаш по којзнае кој пат го покажаа сопственото незнаење за тоа како да раководат со градот.

 

Најголемиот дел од градските улици се целосно неисчистени, а за периферните делови од градот, да не ни споменуваме. За жал жителите на Општина Прилеп повторно се оставени на милост и немилост, затоа што надлежните не знаат како да реагираат согласно временските неприлики.

 

Прашуваме, треба ли да се случи некоја посериозна несреќа за конечно да се сфати сериозноста од една ваква негрижа?

 

Последиците од овој несериозен однос, имавме можност да ги почувствуваме особено во текот на вчерашниот ден кога движењето на пешаците и на возилата низ градските улици кои беа подмрзнати и неисчистени, беше крајно ризично и се одвиваше во хаотични услови.

 

Можеби градоначалникот Јованоски, ја дополнил предизборната програма, па во неможност да ги реализира ветените проекти, ќе реализира проект со кој Прилеп го претвора во зимски туристички центар?

 

Почитувани, локалната власт мора да сфати дека здравјето и безбедноста на граѓаните се на прво место. Успешноста на еден градоначалник се гледа токму во вакви услови.

 

Токму затоа прилепчани ќе ви го испорачаат поразот на следните локални избори, бидете уверени во тоа“, рече Златески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи