ВИДЕО – И вработените во „Тиквеш“ за Свети Трифун заиграа на „Џерусалема“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Jerusalema Challenge“ останува да е популарен во Македонија. На светски познатиот предизвик му се приклучија и вработените од винаријата „Тиквеш“.

 

Од винаријата велат дека приклучувањето на ваков предизвик ќе ја промовира нивната компанија, а воедно и ќе се промовира и Македонија.

 

„Токму на денот на Св. Трифун сакаме да ја промовираме пораката за надежта и желбите за просперитетната година која не очекува. Да го подигнеме духот и моралот, да ги приближиме различностите и барем на момент да се расположиме и да избегаме од реалноста.Покрај тоа, се надеваме дека приклучувањето кон еден ваков глобален предизвик ќе придонесе за луѓето надвор од земјава да ја запознаат Македонија како винска земја, а воедно и да го промовираме Тиквеш како еден од најголемите национални брендови до пошироката светска публика. Ако погледнете одблиску, низ кадрите се претставени главните аспекти од процесот на производство на вино, видеото дозволува прошетка низ различните сектори во винаријата, низ насадите, а лесно може да се видат и капацитетите со кои располага компанијата. Ова е особено важно за нас како компанија, но и за Македонија доколку сакаме да биде светски препознаена како винска земја“, истакнаа од Тиквеш.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video