Македонската асоцијација на издавачи бара да се објават резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) со реакција за доцнењето на објавувањето на резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност на Министерството за култура.

 

„Со оглед на тоа што буџетот за 2021 година беше донесен на 20 декември 2020 година, а законскиот рок на Министерството за култура за избор на проекти од национален интерес е 45 дена од денот на донесување на буџетот, односно до почетокот на февруари (Законот за култура, Член 65, став 1), сметаме дека ваквото повторно доцнење на Министерството оди на штета на издавачите и на реализацијата на проектите, а загрижува и фактот што ниту тие, ниту јавноста не се известени за причините за пролонгирањето и за евентуалниот датум кога можат да ги очекуваат резултатите. Дополнително, се наметнува прашањето дали и колку финансиските проблеми на Министерството за култура и проблемите со минатогодишната програма ќе влијаат на вкупниот буџет и средствата што ќе бидат одвоени за проектите од Годишната програма за 2021 година“, велат од МАИ.

 

Од МАИ се загрижени заради доцнењето на резултатите кое е целосно нејасно и необразложено, а влијае и ја нарушува работата на издавачите. Исто така,

 

„МАИ сака да потсети дека Министерството за култура беше ригорозно во поглед на продолжувањето на роковите за проектите од Годишниот конкурс за 2020-та година и не им ја овозможи на издавачите законски пропишаната можност за продолжување на роковите „до крајот на тековната година” (Законот за култура, Член 66, став 1) и покрај реакцијата на здружението за ланското доцнење на потпишувањето на договорите со издавачите и вонредните услови во кои западна целата економија со коивд-кризата. Во тој поглед, сегашното доцнење на резултатите е контрадикторно и говори за некоректен однос кон македонските издавачи”, се вели во соопштението. Издавачите, ниту консултирани и информирани, со оваа одлука се принудени самите да ги подмируваат долговите за проектите, што дополнително ја отежнува нивната состојба. Поради тоа, бараме исплатата на средствата за овие реализирани проекти да не се пролонгира без основ и да биде реализирана во најбрз можен рок. МАИ се надева дека Министерството за култура ќе ја сфати загриженоста и барањето на издавачите и дека во најскоро време ќе ги објави резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност“, се вели во реакцијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи