Информација за денешната снежна покривка и температури низ градовите во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Информација за снежна покривка и температури низ градовите во Македонија за 17.02.2021 година.

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО 7 ЧАСОТ (во см)

 

38 Попова Шапка, 30 Маврови Анови, 28 Тополчани, 25 Крушево, 23 Дебар, 22 Пожаране, Битола, 19 Берово, 18 Штип, 17 Претор, Ѓуриште, 13 Д.Капија, 10 Прилеп, Кр.Паланка, Тетово, 7 Охрид, 4 Виница, 3 Струмица.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

 

-22 Битола, -20 Берово, -15 Прилеп, -14 Тетово, -13 Скопје-Петровец, Штип, Д.Капија, -12 Кр.Паланка, Струмица, -11 Маврово, Дебар, -9 Попова Шапка, Охрид, Виница, Куманово, -8 Претор, Крушево, -7 Скопје-З.Рид, Гевгелија, -4 Дојран.

 

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

 

Претежно ведро, во втората половина од ноќта и изутринава во централните делови имаше појава на ниска облачност. Беше претежно тивко, само на повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

 

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.

 

 

Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и во вечерните часови значителна облачност. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи