8 руски теренци за кои не постојат непристапни терени

Facebook
Twitter
Email
Print

Снег, кал, мочуришта, дупки… За овие возила не постојат непристапни терени.

 

  1. „Шаман 8×8“ – нема да запре дури ни на најтешките терени. Ова возило од нова генерација е комбинација на ефикасност и атрактивен дизајн. Кабината на шоферот е толку чудна што потсетува на пилотска кабина.

 

 

 

  1. Викинг 29031“ е едно од водечките руски возила-амфибии. Во тоа е тешко да се поверува, но овој автомобил поседува агрегат кој еколошки не е штетен за околината. Бар така велат конструкторите.

 

 

 

  1. „Лесоруб“. Почитувачите на сѐ што е советско задолжително ќе се вљубат во новиот „Лесоруб“ (дрвосечач). Автомобилот врз база на легендарниот советски камион „ЗИЛ 157“ не го смени целосно изгледот, но зеде мотор од американскиот производител General Motors.

 

 

 

  1. „Лесник“ (шумар) е дизајниран за што побезбедно патување. Во случај на превртување на возилото возачот и патниците се заштитени со зајакнат покрив.

 

 

 

  1. ТМ-140А, познат и под името „Четра“ ќе им користи на руските воени единици во тешките арктички услови. Наменет е за транспорт на војници и товар низ длабок снег. Возилото е и амфибија. За жал, се движи бавно и само по мирни води.

 

 

 

  1. „Фалкатус“. Оклопното возило за единиците за специјални намени на Федералната служба за безбедност „Фалкатус“ или „Бетмобил“ е непробојно, а и смртоносно оружје со монтиран митралез и автоматски фрлач АГС-17 „Пламја“.

 

 

 

 

  1. „Трекол-39274“ е неопходен помошник на места на природна катастрофа или терористички напади. Руската војска исто така има намера да го користи ова возило.

 

 

 

  1. „Грибник“ (собирач на печурки) може да понесе 1250 кг печурки! Се разбира и други нешта. Калта и дупките на патот за него не можат да бидат пречка.

 

 

 

ИЗВОР : mk.rbth.com

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи