ВИДЕО – Видевска: Образованието го допре дното, а Министерството експериментира

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Денес  министерката за образование Мила Царовска се прошета низ Прилеп. Кампањата за локалните избори ја заппочнааа. Во време кога образованието го допре дното, наместо да ги решава реалните проблеми, министерката се шета по градовите, изјавина денешната прес конференција Жанета Видевска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„За жал ова министерство, не си ја знае образовната проблематика и експериментира продлабочувајќи ги постоечките проблеми.

 

Катастрофалните состојби во училиштата, нефункциoнирањето на националната платформа за онлајн-настава, немањето доволен број учебници, големиот број ученици кои немаат технички средства и можности за следење онлајн-настава, понижувачките и потценувачки услови во студентските домови во време на пандемија, се проблемите за кои Царовска треба да понуди решенија.

 

Незадоволството и барањата на средношколците во врска со Државната матура, пак, се посебен проблем за кој министерката немаше слух. Наместо да се намалат содржините од испитните програми и да се укине барем третиот екстерен предмет, како што бараа матурантите, им се нудат трошки односно им се нуди само  префрлање на еден предмет од екстерно на интерно ниво. Ова претставува само дополнителен товар на професорите по општообразовните предмети коишто ќе треба да го спроведат полагањето и оценувањето на учениците, се разбира, без финансиски надомест, додека матурантите, за жал, останаа со неисполнети барања.

 

И, наместо да се замајува јавноста со некој нов проект преку кој ќе се идентификувале профили од средно образование кои би требало да бидат иднината на нашата земја и да бидат во функција на нашите компании, треба да се запраша Мила каква е состојбата во средните стручни училишта во поглед на бројот на ученици? Каде ќе се одржуваше практичната настава за оспособување на стручни кадри во училиштата доколку не беа инвестициите од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? И да прашаме дали знаат локалната и централната власт дали има подобрување на стручното образование во Прилеп?

 

Владата како никогаш претходно ги остави младите на маргините на општеството, а за апсолутна негрижа за нив најдобро говори огромниот процент на невработеност кај младите. За нова инвестиција во Прилеп што ќе значи нови работни места, не станува ни збор.

 

Врв на достигнувањата е и таканаречената концепција за основно образование преку која очигледно треба да се задоволат нечии апетити и да се оправдаат парите наменети за овој грандиозен реформски проект и покрај гласните критики и несогласувања од професорската интелектуална фела во Македонија.

 

Почитувани, проблемите не се решаваат само со зборови. Се решаваат со добра анализа и со современи наставни програми кои на нашите средношколци ќе им обезбедат стручност и знаење за да можат полесно да бидат вклучени во реалниот сектор.

 

И на крај, се организираат бесцелни состаноци кои, освен поголем ризик од ширење на вирусот, не водат кон никакво ефикасно решение“, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи