Заев: Сме дале збор – со графата за етничка припадност Македонците не губат ништо

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

На денешната прес-конференција пред Владата, премиерот Зоран Заев порача дека важно е да се почитува до крај државјанството каде што стои „Македонско/Граѓанин на Република Cеверна Македонија“.

 

„Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за порталот МКД.мк, секако го ценам неговиот став во поглед на законскиот предлог за етничката припадност во личните карти. Претседателот во интервјуто рече доколку овој предлог има поддршка од парламентарните партии дека законот ќе го потпише. Секако, ќе разговараме и со него, треба да се слушнат размислувањата на оваа тема. Сепак, треба да нагласам дека и со уставните измени треба да водиме сметка за правата на етничките заедници, и за помалите етнички заедници. Треба да се има предвид дека со графата за етничка припадност Македонците не губат ништо. Македонија е мултиетничка држава, таа е и доста поразлична од други држави, тоа е нашето богатство и тоа е и наша предност“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција пред Владата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи