Ковид кризата без работа остави 18 илјади лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Над 18 илјади лица останале без работа поради кризата предизвикна од Ковид-19, соопшти денес директорот на АВСРМ, Абдуш Демири.

 

„Во агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија со состојба на 31 јануари 2021 година, евидентирани се 158.681 активни баратели на работа, и 90,293 други лица кои бараат работа односно пасивни баратели на работа“, рече Абдуш Демири- Директор на Агенција за вработување.

 

Секојдневно се конкурира на околу 6.000 огласи, а најчесто се нудат најнеплатени работни позиции без стручно образаование.

 

„Работодавачите огласиле најмногу работни места за следниве дејности, работник на едностави работи на производствена линија, хигеничар, општ работник, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обебедувач на имот и лица, ѕидарски работник, армирачки работник и други занимања“, додава Демири.

 

Директорот ги потсети невработените лица и најави дека дека оние кои не се пријавуваат редовно, ќе почнат да се бришат од едвиденцијата на Агенцијата. Станува збор за околу 54 илјади активни и пасивни невработени кои имаат рок до 19 март да се пријават во Агенцијата за вработување.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video